Актуелен Миг
Телевизија 24 ги обезбеди правата за пренос на трките од Формула 1 шампионатот
Екслкузивно за територијата на Македонија, Телевизија 24 ги обезбеди телевизиските права за пренос на трките во Формула 1, иако најбрзиот тркачки циркус веќе ја извозе првата од предвидените 21 трки, кои се наоѓаат на годинешниот календар на FIA.
Ниту една тв-станица кај нас ги немаше откупено правата за пренос. Но денес (26.03) Телевизија 24 ја објави веста според која таа ги има откупено екслузивните права за пренос на трките од Форумла 1 за територијата на нашата држава.
Веста ги израдува сите лубители на најбрзиот циркус во светот. Започнувајќи веќе од наредната трка која се вози во Бахреин на 08. април, па се до последната, 21.трка закажана за 25 ноември во Абу Даби ќе бидеме директни сведоци на најгледаниот спорт во светот.
Минатата сезона трките од Формула 1 ги пренесуваше јавниот сервис, но тој тригодишен договор заврши, па сепак со големи (финансиски) напори на Телевизија 24, трките повторно се враќаат на нашите екрани.