EV
Сé започна пред 25 години
Денес SUV моделите доминираат со пазарните трендови, но не беше отсекогаш така.
Кога порано ќе се кажеше теренец, се мислеше на издржливо, спартански опремено возило способно за сите предизвици.
Сé до 1996 година, кога Mercedes на салонот на автомобилите во Детроит го покажа концептот AAVision.
Од него настана M-класата чие производство во новата фабрика во американската сојузна држава Алабама започна во февруари 1997 година.
BMW одговори со X5 во ’99-тата, а Audi долго време – дури до 2005-тата го крчкаше својот Q7, кој уште повеќе ги помести критериуми на купувачите за ваквиот тип возила.
Денес не постои авто-производител кој нема повеќе SUV модели во својата гама – само Mercedes ги има осум, плус G-класата и уште два електрични кои се очекуваат, но да не беше овој модел, можеби ќе беше поинаку.