EV

Со Ford Focus 703 km/h!

Објавено на

 

Не знаеме дали постои некој кој смета дека возилата на Ford се најбрзи во светот, но една госпоѓа од Анкона има доказ за тоа – црно на бело!

Можеме само да замислиме каков израз на лицето имала кога и стигнала казна од локалната полиција за пречекорување на брзината.

Во таа зона е наведено дека е дозволено да се вози со 70, а таа возела со 703 километри на час.

Сепак, јасно ни е каков бил изразот на нејзиното лице кога прочитала дека за тоа мора да плати 863.60 евра.

Капак на сé е тоа што жалбата на казната не го одложува нејзиното плаќање.

Па сега некој нека каже дека Ford-овите не се брзи. Во секој случај, побрзи се од правдата – за тоа има и писмен доказ од полицискиот записник!

 

 

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.