Видео

Со роботизирани нозе до нови хоризонти (видео)

Објавено на

Со најавата за основање на одделение со назив New Horizons Studio, Hyundai потврди дека смета дека иднината е во вакви превозни средства.

Работа на новото студио ќе биде креирање на возила на кои роботизираните нозе ќе им обезбедат досега невидена мобилност.

Футуристичкиот концепт со назив Ultimate Mobility Vehicles Корејците го претставија лани на CES и после опсежните анализи дојдоа до заклучок дека постои целна група корисници кои имаат потреба од вакви возила.

Комбинирањето на различни технологии во нивната конструкција има за цел да им обезбеди подобри маневарски карактеристики.

Замислата е нивната употребливост да се зголеми со можноста за монтирање различни завршетоци на краевите на роботските нозе во зависност од потребата – тркала, скии или нешто друго.

 

 

 

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.