Во светот
Со години не се произведуваат, а сé уште се продаваат
Статистиката за продажбата на возила која ја добиваме на секој почеток од новата година донесува интересни, некогаш и тешки за верување моменти.
Овојпат ќе ги разгледаме американските бисери кои не може да се провлечат на деталното око на секој што ревносно го следи светот на автомобилите. Зборуваме за возилата кои со години не се произведуваат, но бројки за нивна продажба сé уште се провлекуваат низ извештаите.
Следи уште ден промашен модел на истата компанија, Dodge Dart, кој отиде во пензија во исто време како и претходно споменатиот, ама лани за него се најдоа вкупно 7 купувачи.
И третиот на листата е од некогашниот FCA а сега Stellantis, но сепак суштински е различен. Станува збор за Dodge Viper за кој во 2017-тата кога беше произведен последниот примерок дилерите одбија да ги распродаваат залихите надевајќи се дека еден ден тие возила ќе вредат многу повеќе. Колку беа во право знаат новите 4 купувачи за него во 2020-тата.
Американците лани купија уште и 3 примероци на Jeep Patriot кој не се произведува од 2016-тата, ама и 2 нови Mercedes SLS AMG кој не е во ценовниците на германската компанија од 2014 година.
На листата се најде уште и 1 примерок од хибридното купе Honda CR-Z од 2016-тата.
За некои од наведените е јасно дека останале на залиха кај дилерите кои очигледно имале мака да најдат купувачи за нив, а за други пак сосема спротивно – намерно се чувале подолг период за да им порасне цената.
Оставаме на вас самите да класифицирате за кој од споменатите автомобили која е причината зошто со години останале непродадени.