Актуелен Миг
Сообраќај поопсен од пандемија
На територија на целата држава се одвиваат интензивни контроли на сообраќајот – резултатите се поразителни!
Не помала вознемиреност предизвикува и бројката која ја објавува отсекот за сообраќај при МВР. Се чини како медицинското зло да води некоја имагинарна трка со прекршителите на сообраќајните правила.
Морбидно звучи паралелата за трагичните последици кои ги предизвикуваат пандемијата и нецивилизациското сообраќајно однесување на голем број учесници.
Бројките се драматични. Контролите ни даваат увид во широк спектар на прекршоци: прекорачување на брзината, нерегистрирани возила, управување без дозвола, алкохолизирани возачи, … на списокот му нема крај.
Од почетокот на поинтензивните сообраќајни контроли (која се поклопи со наша објава на темата: линк до објавата) регистрирани заклучно со 10.10.’20 изнесува над 10 илјади такви случаи.
Иако често пати бев напаѓан кога велев дека сообраќајот ни е еден вид бојно поле, се испоставуваме дека сум бил преблаг во констатацијата. Построшно е!
Дека „нормализирањето“ на сообраќајните текови ќе биде тежок процес говорат и незгодите кои се случуваат во тек на засилените контроли. За жал ги има и такви во кои се одземаат животи и на случајни минувачи. И тоа од алкохолизиран возач кој вози пребрзо. Ужас!
Од позиција на уредник на овој медиум, апелирам до одговорните за сообраќај во МВР: акцијата нека премине во редовна состојба. Со постајани контроли и судски завршници за прекршителите може да дојдеме до какво-такво цивилизациско однесување во сообраќајот.
Во спортивно, црните бројки ќе се изедначат со тие од грдата пандемија која е надвисната над сите нас.
текст: Агрон Сулејман
фото: МВР