Актуелен Миг
Сообраќај во пандемиски услови
Пo сила на приликите веќе година дена сообраќајот се одвива ва епидемиски услови. Со кои предизвици се соочуваме во сообраќајот?
Дефинитивно пандемијата со Ковид-19 го смени начинот на живеење. Во целиот свет! Не навлегувајќи во медицинскиот аспект на инфекцијата, интересно е да се задржиме на новонастанатите сообраќајни услови.
Фактите говорат дека во првата пандемиска година (се надевам дека втората ќе биде и последна) имаме значително намалување на сообраќајните незгоди, а со самото тоа и помал број на жртви и повредени во нив.
Несомнено ова е одлична вест за сите нас кои посакуваме барем некакво приближување кон европските безбедноси стандарди. Притоа мора и објективно да се погледнат сите фактори кои придонесоа до подобрување на опишаната состојба.
Во прв ред мора да се спомене редукција на фрекфенцијата односно намалениот обем на сообраќај предизвикан од рестрикциите за општото движење. Според мене ова е една од основните причини кои го отворија патот до „нормализирање“ на условите за оставрување подобри годишни биланси.
Воведените забрани за движење значат и нулта можност за предизвикување опасни ситуации, и тоа во време кога сообраќајниците се попразни и кога по правило се надминуваат брзинските ограничувања.
Честите сообраќајни незгоди предизвикувани од алкохолизирани возачи, колку и да се очигледни, сепак ќе треба да се поткрепат и со конкретни показатели. Тие во моментов ги немаме но секако останува фактот дека црните биланси кои воопшто не беа занемарливи, сега драматично се намалени.
Од друга страна, „полицискиот час“ налагаше извршување на потребните работи преку ден, што пак условуваше поголема гистина на сообраќајот. Тоа како последица ја има намалената брзина на движење. Нема потреба да се дискутира понатаму – тој факт директно е поврзан со општата сообраќајна безбедност.
Некаде од есента минатата година започна со систем на видно зголемување на присутноста на полициските службеници на терен, а паралелно со тоа и со интензивирање на контролите.
Освен секојдневните контроли низ целата држава, патем кажано со поразителни показатели, самото присуство на униформираните лица делува и психолошки, па опасното однесување се сведува само на крајно неодговороните и пред се дрски учесници.
Без потреба од подлабоки анализи за влијанието на пандемијата врз безбедноста на нашето сообраќајно живеење сам по себе се наментува заклучокот – имаме побезбеден сообраќај.
Би било умно од оваа тешка здравствена состојба општеството да извлече и понекој бенефит. Резултатите се тука, ќе треба привремените мерки и акции да ги преточиме во системски решенија.
Дали ќе успееме да се симнеме од врвните позиции по опасност во одвивање на сообраќајот, ќе зависи од детектирање и прифаќање на спознаените позитивните искуства. Секако, и од менување на нашето надалеку познато непочитување на цивилизациските вредности.
Агрон Сулејман