EV

Службено: се спојуваат FCA и PSA групациите

Објавено на

Според информации од двете групации следи спојување во однос 50:50 со што заедничката компанија ќе биде четврта по големина во светот.

Договарањето на FCA (Fiat-Chrysler) групацијата за целосно продажба или здружување со некој од големите играчи на светската автомобилска сцена конечно доби епилог.

Одлучувачкото “Да“ го кажа PSA (Peugeot-Citroen-DS-Opel-Vauxhall) со што двете групации збирно ќе произведуваат околу 8.7 милиони возила годишно, и според обемот на производство ќе се наредат на четвртото место.

Според постигнатиот договор акционерите од секоја групација ќе добијат по 50% од двете компании. Проекциите велат дека по четири години, соработката ќе достигне ниво од 80% со што вкупната заштеда би изнесувала околу 2.8 милијарди евра.

Повикувајќи се на поединечниот промет на двете групации од 2018 година се очекува заеднички да се оперира со бројка од 170 милијарди евра, од која е оставрен чист профит од 11 милијарди.

Седиштето на заедничката компанија ќе биде во Холандија а новата групација, FCA-PSA ќе котира на берзите во Њујорк, Милано и Париз.

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.