Во светот

Словенија воведува електронски вињети

Објавено на

 

Словенија се придружува на земјите во кои од дома ќе може да се плати патарина со купување на електронска вињета.

Исто како во Унгарија, Словачка, Романија, Бугарија а наскоро и Австрија и Молдавија, и таму од идниот декември ќе се применуваат електронски вињети.

Новиот пософистициран начин на плаќање на патарината е далеку поедноставен за возачите бидејќи освен што нема да мора физички да ги купуваат вињетите, нема да имаат потреба ниту од нивно лепење и потоа симнување од ветробранското стакло.

Место сето тоа, ќе бидат доволни само неколку клика во посебната апликација или пак на интернет порталот наменет за тоа – сé што треба да се направи е да се да се избере времетраењето на вињетата и да внесе регистрацијата и земјата од која е возилото, по што потврдата за плаќањето ќе пристигне по електронска пошта.

Доколку некој од било која причина нема пристап до интернет, истото тоа ќе може да го стори и на бензинските пумпи и на други посебно определени места.

Откако ќе се плати електронската вињета, никој понатаму нема ве запре и проверува – за тоа ќе бидат задолжени камерите поставени покрај патот, кои ако откријат дека возите по словенечките патишта без да платите, ќе ја алармираат полицијата.

Корист од сето ова ќе има и државата бидејќи трошоците за печатење и дистрибуција на вињетите драстично се намалуваат.

 

 

 

 

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.