Во светот
Следната генерација на Opel Corsa помина низ ригорозни тестови
Новата, шеста генерација на Corsa, Opel ќе почне да ја продава со почетокот на есента откако моделот успешно ги помина лабораториските, брзинските и тестовите на ектремни температури кои владеат на Поларниот круг.
Како одговор на овие лаички прашања можеме да го дадеме примерот на Opel кој веќе ја доврши новата Corsa, и ја подготвува за продажба.
Рабирливо, новите модели се создаваат со помош на најнови, најбрзи и најефикасни виртуелни методи за развој. За таа цел инженерите на Opel ги запоседнуваат вообичаените места за тестирање, усовршување и вреднувања во реални услови.
Од јануари, инженерите на Opel за шасија, мотори, електроника, осветлување и други експерти ја користат долгата поларна зима во шведска Лапонија за интензивно тестирање на ултра-ниски температури на замрзнати езера и снежни патишта.
„За време на развојот на следната генерација Corsa, ние ставивме посебно значење за зголемување на ефикасноста“, рече Томас Ванке, главен инженер за глобален развој и ефикасност на возилата, кој по четврти пат работи на новата генерација на Corsa.
„Новиот модел е значително полесен, што ја намалува потрошувачката на гориво и исто така го зголемува забавниот фактор.
Нашата цел е јасно да го понудиме најдоброто на купувачот со оптимална рамнотежа помеѓу безбедноста, удобноста и забавата”.
За бестселер модел како што е Corsa која до дега е продадена во 13.6 милиони примероци, сериозниот пристап е и повеќе од очекуван, но и обврзувачки за производителот.
Новина кај шестата генерација на Corsa е што таа ќе биде полесна од претходникот а воедно ќе има поцврста шасија која лесно ќе може да ги совладува и најсложените услови кои владеат на европските патишта.
Новина е и можноста за вградување на чисто електричен погон кој Opel ќе го нуди уште од почетокот на продажбата.