Видео
Скапа сообраќајка
Во Швајцарскиот кантон Ури се слуши прилично скапа сообраќајка која е докуметирана од случајни минувачи.
Сообраќајните незгоди се случуваат во секое време и на сите страни од светот. Во случајот специфика е што таа чини малку повеќе пари – во неа учествувале Bugatti Chiron и Porsche 911 Cabrio, а како колатерална штета се јавува возачот на возило кое влечело камп приколка.
Според полицијата и двајцата возачи на спортски возила се нашле зад камп приколката и во одреден момент истовремено започнале со претекнување, па дошло до контакт помеѓи нив и „камперот“.
Според полицискиот записник невниманието сега ќе го платат со околу 3.5 милиони евра, колку што е проценета целата штета. За да не помине само со пари се погрижи возачот на „камперот“ кој здобиените повреди ги пријавил на дежурните во блиската болница. Инаку штета има пријавено и мерцедосот кој возел зад нетрпеливите возачи!