EV
Сите такси возила во Виена ќе бидат електрични
Градските власти во Виена се решени до 2025 година сите такси возила во градот да бидат електрични.
За да се постигне тоа започнат е проект кој сега е во пилот фаза со кој се воведуваат флексибилни станици за полнење на електричните автомобили.
Со помош на овој начин што го има развиено младата компанија Easelink од Грац возачот треба само да притисне на копче на инструмент таблата и автомобилот ќе се поврзе со плочата за полнење.
За комплетна заштита на човековата околина електродистрибутерот Wien Energie ќе ги снабдува местата за полнење со зелена електрична струја добиена од обновливи извори.