Во светот

Се сеќавате на Daihatsu?

Објавено на

 

Малку спомени останаа од марката која се повлече од европскиот пазар пред осум години.

Но тоа не значи дека Daihatsu не е активен. Напротив – најмалиот јапонски производител на автомобили и понатаму вредно работи.

Како и секоја година ова време, неговите дизајнери подготвуваат серија концепти за еден од двата салони на автомобили кои наизменично се одржуваат во Токио.

Сега манифестацијата е откажана, но без разлика на тоа во Daihatsu ги подготвија експонатите, кои виртуелно ги претставија на светот.

Ги има пет на број, кој од кој пооткачен, токму како што ги паметиме од времето.

Го паметиме и името Copen како што е означен првиот, со додавката Spider која кажува низ каква доработка поминал малиот двосед.

Следи Hi-Jet Jumbo Sporza направен на база на истоименото мало комби, преправено во сличен стил како и Copen Spider. Основата на Hi-Jet е искористена и за Jumbo Camper.

Четвртиот е микротеренецот Taft Crossfield, кој и покрај малите димензии има четири врати, погон на сите тркала и моќен изглед, додека за љубителите на моноволуменците беше преработен Thor Premium кој доби двобојна каросерија, аеро боди пакет и модификувано ослонување.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.