Видео
Се произведува четири децении, а се чека две години [видео]
Иако Land Cruiser од J70 серијата е еден од најстарите модели на пазарот, побарувачката за него не стивнува.
Тогаш понудата на Land Cruiser веќе беше разделена на два модела, од кои оној кој повеќе беше ориентиран на комфор продолжи да се развива.
Докажувајќи се без поговор како најиздржлива (и најдоверлива) работна машина, J70 опстана до ден-денес и Јапонците навистина немаат причина да го менуваат.
Во Европа не се продава иако се произведува во Португалија, заради тоа што неговиот V8 дизел не ги задоволува еколошките норми.
Но затоа таму каде им треба вакво возило на него се чека повеќе од две години.