Авто Спорт
Се продава првиот F1 болид на Шумахер
Британскиот специјалист за историски возила Speedmastercar објави дека се продава првиот F1 болид на Михаел Шумахер.
Се работи за Jordan 191 Ford Cosworth HB кој Шумахер го има возено на големата награда на Белгија во 1991 година, еден од седумте направени од кои само два се возени од големиот мајстор.
Две недели потоа Шумахер со него учествува во Белгија, каде квалификациите ги завршува 7-ми, но заради проблеми со спојката мораше да се откаже уште во првиот круг.
Неговата брзина не поминува незабележана и Флавио Бриаторе веќе наредната недела потпишува договор со Шумахер за да настапува за Benetton F1 тимот.
Понатаму сé е историја.