Во светот
Се појавија првите фотографии на Aurus Komendant
После големата лимузина Senat и миниванот Arsenal, од рускиот Aurus пристигнува и првиот SUV.
Најавен заедно со путиновата лимузина, овој луксузен теренец ќе ја носи ознаката Komendant.
Заедничко за сите модели од него се универзалната модуларна платформа и хибридизираниот 4,4 литарски V8 мотор со 590 KS, спарен со деветстепен менувач и погон на сите тркала.
Овој руски „делукс“ теренец ќе се произведува заедно со Senat во фабриката на Sollers во Татарстан. Ќе се најде во продажба во 2022 година.