Во светот
Се бара забрана за рекламирање на фосилните горива
Ќе се стават ли бензинот, дизелот и авто-плинот заедно со цигарите на списокот производи чие рекламирање е забрането?
Токму тоа го бараат европските еколошки здруженија предводени со Гринпис кои тврдат дека тие се еднакво штетни како и тутунот.
За засегнатите уште позагрижувачко е дека врз основа на еден свој акт од 2007 година европската комисија е обврзана сериозно да ги разгледува сите вакви граѓански иницијативи и петиции.