Интересно
Сешто има на овој свет!

И да беше дел од сценариото на филмот „Глупавиот и поглупавиот“ ќе беше тешко да се поверува во оваа приказна, но вистина е.
Еден криминалец од Флорида смислил генијален начин како да го уновчи украдениот автомобил.
И навистина се обидел тоа да го стори, ама токму кај истиот дилер од каде пред само три дена го украл автомобилот што сакал да им го остави.
Можеби и ќе му успеало бидејќи вработените таму сфатиле што се случува дури откако почнале да ги подготвуваат документите и го внеле бројот на шасијата во компјутер.
Ако е за оправдување, во моментот на плацот на посочениот дилер на Chrysler Dodge Jeep RAM имало 270 возила, повеќето од половина употребувани.