EV
Секој час по 40 примероци од Xiaomi SU7
Гигантот на мобилната технологија се зафати во костец со сериско производство на електричен мас продукт.
Првенецот на Xiaomi на 28 март започна да се произведува во фабриката, Xiaomi Super во Пекинг, Кина.
Фабриката има капацитет да произведува 40 автомобили на час, поинаку кажано тоа е по еден SU7 на секои 76 секунди.
Оваа импресивна брзина се постигнува преку напредна автоматизација, со над 700 роботи кои се задолжени со задачи како што се инсталација и проверка на склопови.
Јасна демонстрација на прецизна и ефикасна роботска соработка.
И се разбира, мотивите за големиот капацитет на производство се црпат од огромниот интерес за SU7.
Само првата недела од отварање на листите беа забележани над 90 илјади порачки.