Во светот
Сега и Ford има Kuga за тркање
Со три хибридни модели како и со по еден дизел и бензиски мотор, со зголемена должина и широчина, до крајот на годината третата генерација ќе биде подготвена за првите купувачи.
Тоа воопшто не е слаб резултат но конкуренцијата во SUV „Ц“-сегментот е жестока. Kia Sportage, Hyundai Tucson и Nissan Qashqai се многу почесто видени модели на европските патишта.
Сега откако е дојден редот за обнова на моделот се очекува Ford да одговори адекватно – со вградување на широк спектар на опрема, но и еколошки прифатлива технологија.
Токму тоа и се случува, понудените пакети на опрема се означени со Titanium, ST-Line и Vignale, и значат одлучен одговор кон присутните играчи на пазарот. Ова позиционирање е прилично очекувано, но изненадување се понудените три хибридни опции.
Во комплетната понуда се вклучени Kuga Plug-in Hybrid, Kuga EcoBlue Hybrid (Mild Hybrid) како и Kuga Hybrid. Можеби малку збунувачки делуваат овие ознаки, но во суштина работите се прилично едноставни.
Произведената енергија ја складира во акумулатор од кој потоа се напојуваат останатите механички склопови. Треба да се напомене дека тука погонски електромотор не постои, односно за погон на возилото се користи само класичниот мотор.
За четири пати подигнатиот напон (од 12 на 48 V) резултира со намален проток на електрична струја, што пак овозможува монтажа на потенки проводници и помали електромотори.
Од друга страна понудата на Kuga со Plug-in Hybrid технологија значи дека за погон се користи класичен мотор но и еден електромотор кој се напојува од сет батерии вградени на подницата. Батериите се полнат од електричната мрежа со можност за употреба и на брзи полначи.
Третиот предлог е чист хибриден погон кој не користи надворешни извори на електрична енергија.
Покрај овие еколошки напредни модели, понудени се и по еден бензиски (1.5 литарски EcoBoost) и дизел (2.0 литри) мотор, а опциски сите можат да бидат поврзани преку автоматска трансмисија со 8 преносни односи. За сега тоа се сите предвидени погонските комбинации.
Ако за нив можеме да кажеме дека ги претставуваат сите размислувања кои лежат помеѓу класичните и целосно електричните технологии, истото никако не може да го констатираме за понудениот облик.
Едноставно, тој делува како „веќе видено“ и има сериозен недостаток од оригиналност. Изненадувачки е како дизајнерите со леснотија го отфрлиле имиџот кој макотрпного се градеше со претходните две генерации.
Ако го занемариме обликот, а ги истакнеме еколошките страни, како и богатата современо скроена опрема, тогаш лесно ќе констатираме дека и Ford има Kuga за тркање.