Во светот

Сега и официјално – крај за Citroen C1

Објавено на

 

Откако есенва стана јасно дека PSA нема намера да го продолжи животот на своите модели од А-сегментот, сега и официјално Citroen го прати C1 во пензија.

Заслужена, бидејќи малиот градски автомобил во своите 17 години постоење стигна до 1,2 милиони купувачи ширум Европа.

Citroen C1 се произведуваше во Чешка, во заедничката фабрика со Toyota, од која Французите се повлекоа на почетокот на ланската година.

Според соопштението од компанијата, одлуката е донесена заради новите предизвици на мобилноста со кои се соочува овој пазарен сегмент.

Првата генерација на C1 се појави во 2005 година заедно со братските Toyota Aygo и Peugeot 107 кој во втората генерација од 2014-та беше преименуван во 108.

 

 

 

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.