Актуелен Миг
Свечено доделена нагарада, Автомобил на годината во Македонија
Во прекрасниот амбиент на винаријата „Камник“ се оддржа свеченоста по повод инагурацијата на Dacia Duster за „Автомобил на годината во Македонија за 2018.
Велиме влез во аналите затоа што брендот Dacia за прв пат во 23 годишната историја на „Изборот“ се закитува со највредната автомобилска титула во нашата држава.
Вредноста на понесената титула добива посебна тежина ако се знае дека на годинешниот избор конкуренцијата беше исклучително голема.
Во потесниот избор учествуваа десет возила од сите класи и ценовни категории. На крајот националното стручно жири во состав: Лупчо Михајловски, Владимир Ристовиќ, Агрон Сулејман и Горан Антевски, а земјаќи ги во предвид критериумите од Правилникот за работа, реши блескавата титула да ја додели на втората генерација на Dacia Duster.
Во краткиот службен дел, претседателот на стручното жири, Горан Антевски, по своето обраќање и образложување на одлуката, му го предаде признанието на г-дин Жељко Барбариќ – менаџер за продажба на групацијата Renault за Адриатик регионот.
Алијансата со NISSAN се покажа како неверојатно успешна приказна која го осигури местото број 1 на светско ниво. Исто така групацијата оствари 4 рекорди по број на продадени возила, вкупни приходи, нето добивки и оперативна маржа.
Со модели како што е новиот Dacia Duster и партнери во Македонија како „Аутомотив Груп“ сигурен сум дека пред нас се нови рекорди.“
Г-дин Владимир Воиновски од Еуроимпекс ја прими плакетата која во иднина освен што ќе биде традиционална, има амбиција да прерасне во еден вид награда за „Животно дело“.
Во оваа прилика сакаме уште еднаш да им честитаме на наградените, а на организаторот да му заблагодариме за подарената прекрасна вечер.