Видео

Само за ултраносталгичарите: BMW R18 Spirit of Passion [видео]

Објавено на

 

Беше лани некое време, во моментите кога пандемијата со своите канџи започна да го задушува човештвото, BMW го претстави ретро моделот R18.

Наменет за носталгичарите, требаше да понуди еден поинаков поглед на светот во кој владее слободата за движење без никакви лимити.

Но, намерите на Баварците уште на стартот беа саботирани, што за Дирк Елеркинг и Kingston Custom работилницата беше само уште еден предизвик.

Седејќи дома и не знаејќи што да прави, тој на својата имагинација ѝ даде неограничена креативност која инспирацијата ја најде во автомобилскиот свет.

Неговите вредни раце вешто ги имплементираа класичните линии на BMW 328 родстерот од триесеттите години на непроменетата механика на R18 со рустикални карактеристики.

Своето дело со право го нарече Spirit of Passion (дух на страста, на нашки), бидејќи неговиот изглед кој просто маѓепсува никого нема да остави рамнодушен.

Атрактивниот преден оклоп наменски обликуван да ги сокрие природните линии на големиот боксер мотор на овој мотоцикл му обезбеди совршен стил скроен токму како за него.

Како изгледа да се вози ова чудо со агрегат со зафатнина од 1.802 кубни сантиметри и 92 коњски сили ќе дознаат едвај 18 среќници, во колку примероци ќе биде направен.

Колку за тоа задоволство ќе се истргнат, никој нема да дознае.

 

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.