Очигледно во изнаоѓањето на редовни приливи на средства за преживување во моментите кога сé е доведено во прашање, организаторите на салонот на автомобилите во Женева изнајдоа какво-такво решение.
Да нема забуна, се работи за нова, паралелна манифестација, која ќе ја организираа истата екипа.
Оваа манифестација, колку чудно и да звучи, ќе се вика Qatar Geneva International Motor Show и ќе се организира во партнерство со министерството за туризам на Катар.
Првиот настан е планиран за есента идната или евентуално 2023 година и ќе се одржи во главниот град на оваа богата арапска земја, Доха.
За разлика од ‘оригиналниот’ салон на автомобилите во Женева, оваа манифестација ќе се одржува на секои две години.