EV

Салонот во Детроит уште еднаш откажан

Објавено на

 

Лошо им тргна на организаторите на салонот на автомобилите во Детроит – мораа уште еднаш да го откажат.

Според претходните планови, овој фундаментален салон на автомобилите од ланската 2020-та требаше место во јануари да се одржува во јуни.

Причината за поместувањето на датумот беше да се спаси што може да се спаси бидејќи NAIAS привлекуваше сé помал интерес, како на публиката, така и на изложувачите.

Но, се случи пандемијата и да сакаа лани да го одржат како беше планирано не можеа, бидејќи државата им го претвори изложбениот простор во ковид-болница.

Со неговото поместување од јуни за септември дополнително беше засилена надежта која реално постоеше дека тој ќе може да се одржи годинава, но и тоа се изјалови.

Сега и дефинитивно салонот на автомобилите во Детроит ниту годинава ќе го нема, но организаторите не се предаваат – место стандардна салонска манифестација тие во една поранешна фабрика на GM оддалечена 50-тина километри од досегашната локација ќе организираат нејзин сублимат наречен Motor Bella.

Идеи имаат, но како ќе ги реализираат останува да почекаме од 21 до 26 септември кога е предвидениот датум за одржување, ако дотогаш уште нешто не се промени.

 

 

 

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.