EV

Салонот во Детроит уште еднаш одложен, овој пат трајно

Објавено на

Општ впечаток е дека Женева е на половина пат до историјата, а Детроит веќе е таму. Но, организаторите не се предаваат.

Во обид да се спаси манифестацијата која сé повеќе губеше на својата атрактивност, пред пар години беше одлучено салонот на автомобилите во Детроит да го напушти традиционалниот јануарски термин и од годинава да се одржува во јуни.

Кога дојде пандемијата организаторите немаа избор – властите им го пренаменија изложбениот простор во полска болница и салонот мораше да се откаже.

Планот беше после прескокнувањето на годинешната манифестација тој да продолжи од 2021 година во веќе определениот термин во јуни.

Сега, кога дотогаш има уште доста време, од таму стигна вест дека после серијата разговори со производителите, организаторите на салонот решиле да го корегираат и тој термин – за септември.

Според изјавата на одговорните се работи за трајна промена на датумот, така што во иднина северноамериканскиот салон на автомобилите ќе се одржува наесен, скоро истовремено кога и парискиот и франкфуртскиот салон кој од догодина се сели во Минхен.

Така, новиот терминот за идниот NAIAS е од 28 септември до 9 октомври 2021 година.

 

 

 

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.