Во светот
Сакате патики Puma дизајнирани од Porsche?
Идејата добро звучи за оние кои тежнеат кон бренд-совршенство, но за тоа ќе мораа да имаат брзи прсти.
Имено, Porsche Design и Puma за Американците заеднички креираа осум сета патики инспирирани од осум генерации на 911 Turbo.
Се разбира, ова се однесува на автомобилите кои ги претставуваат – воздушно ладените се 930 Turbo 3.0 и 3.3, 964 Turbo и 993 Turbo, а водено ладените 996, 997, 991 и 992 Turbo моделите.
Колекцијата ќе биде лансирана на 17 ноември и првата серија ексклузивно ќе се продава преку веб-страницата на Porsche Design, но начинот на кој тоа ќе се одвива е интересен.
Таму е поставен часовник кој одбројува уште колку време преостанало и кога тој ќе дојде на нула, сите заинтересирани без воопшто претходно да го имаат разгледано, ќе имаат само 2,7 секунди да го купат својот пар патики.
Времето кое им е на располагање е точно колку му треба на најновиот 911 Turbo да достигне 60 милји на час (96 km/h), по што на среќниците им остануваат 15 минути да ја комплетираат нарачката.
Оние кои нема да бидат толку брзи ќе мора да почекаат новата колекција на Puma да се најде во редовна продажба. Цената не се знае, но се очекува да се движи околу 150 долари за пар.