Во светот

Сакате да купите стар дизел автомобил?

Објавено на

 

Погледнете ја прво оваа снимка која доаѓа од Косово, па после размислете, и тоа повеќе пати.

Ретко се случува, но се случува – дефектот не е банален и потенцијално е многу опасен, посебно ако се случи во возење.

Имено, ако откаже бош-пумпата или маслото пробие во цилиндрите, можно е дизел моторот да започне да работи на висок број вртежи без контрола.

Како изгледа тоа и колку е проблематично тој да се запре, покажува ова видео во кое сите присутни се обидоа со сешто, ама никој не успеа во тоа.

Она со што не се обидоа а можеби ќе успееше, е на некој начин да се запре доводот на гориво или воздух во моторот – можеби со крпа во всисниот систем.

Како завршува приказната со несреќниот бел VW Touran такси не знаеме, но знаеме дека сите половни возила кријат многу тајни во себе.

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.