Актуелен Миг
Редизајнираната Corsa гледа кон иднината
Нов визуелен впечаток, два нивоа на опрема и бензински мотори од 75 и 100 КС, се дел од стратегијата за „детоксикација“.
Убави се тоа бројки кои јасно ја покажуваат наклонетоста на купувачите кон германскиот продукт.
Иако Opel претходно беше дел од американскиот гигант GM, a aктуелната генерација носи заеднички корпорациски склопови од Stellantis групата, сепак германскиот инженеринг е видно истакнат.
Со редизајнот е опфатена визуелизацијата, но отсутноста на дизелските мотори во понудата е момент кој силно ја истакнува определбата кон чистите технологии.
Замената на нафташите доаѓа во вид на милдхибридна комбинација. Докажаниот трицилиндерски мотор од 1,2 литри со 100 и 130 КС се комбинира со генератор-мотор склоп сместен во менувачката кутија.
Технологијата со 48 волтен напон се користи при стартување на моторот и помага до брзина од 30 км/ч.
На прв поглед скромната електрификација, способна е за намалување на потрошувачката за еден литар. А тоа не е баш бесзначајно!
За лубителите на чистиот електричен погон на располагање е сеуште познатата комбинација од литиум-јонска батерија од 50 kWh и електромотор од 136 КС.
Според новите мерења (WLTP) електричната верзија има автономија од 375 километри. На домашен трофазен полнач од 11 kW, потребни му се нешто преку 5 часа за целосно полнење на батеријата.
А што ни се сугерира преку терминот, детоксикација. Наједноставно кажано тоа е пристап за ослободување од сите елементи кои неотребно го оптеретуваат излегедот или функционирањето на прекинувачите.
Да, мора притоа да се истакне и предната „визир“ маска која како и кај останатите модели на Opel, асоцира на визирот на кацигите кои ги носат мотоциклистите и спортските авто натпреварувачи. Со тоа сега е заокружен визуелниот идентитет на целата гама на Opel.