Актуелен Миг
Регионална обука за новите технологии
Домашната компанија Mega Auto Parts која е застапник на најпознатите светски брендови за резервни делови, организира единствена обука за роботизираните мануелни менувачи DSG на VAG-групацијата од страна на овластен инструктор на Schaeffler Group.
Тема беше DSG менувачот со 7 степени на пренос од првата генерација, со сува спојка, вградуван во моторите од 1.6 L и 1.9 TDI од групацијата VAG.
На обуката беа присутни сервисери од повеќе градови во Македонија, како и од Косово. По успешно завршената обука учесниците добија сертификати од Schaeffler Group но и пакети со промотивен материјал од Mega Auto Parts.
Обуката се изведува преку одржување на работилници од страна на овластени инструктори од добавувачи на домашната компанија.
Целта е преку едукација на оние што се задолжени за одржување на возилaта, да се унапреди квалитетот на услугата што ја добиваа ткрајните потрошувачи.
Тоа поради фактот што долготрајноста на возилото зависи не само од квалитетот на вградените резервните делови, туку и од начинот на нивно вградување и подесување од страна на сервисерите.
Инаку интересен факт е дека роботизираниот DSG менувач е изум патентиран токму од страна на Schaeffler Group (под чија капа се брендовите LUK, INA, FAG) и e оригинално наречен 2CT, за да денес под различни имиња наоѓа примена во повеќето автомобилски брендови, како во VAG групацијата, така и во PSA, Fiat-Chrysler, Mercedes итн.