Батериите се болна точка на електричните автомобили од повеќе аспекти, но она што покрај цената најмногу ги боли нивните сопственици е долгото време за полнење.
Сепак се чини дека интензивните истражувања во оваа област ќе вродат со плод – израелските експерти развија батерии за електричните автомобили кои се полнат за пет минути.

Обединети во новата старт-ап компанијата StoreDot, тие тврдат дека нивниот изум од корен ќе го смени мислењето за електричните автомобили.
И навистина, ако судиме според тоа што ни го сервираат. Оваа нивна револуционерна иновација се однесува на литиум-јонските батерии, чии перформанси за полнење се екстремно подобрени.
Освен дека графитот во анодата е заменет со силикон, деталите не ги објаснија на јавноста, но очигледно тоа го имаат сторено на нивните клучни инвеститори – Daimler, British Petroleum, Samsung и TDK.
На другите им преостанува да веруваат во нивните тврдења поткрепени со 9-годишниот период на развивање на оваа технологија која досега е тестирана на телефони, дронови и скутери.