Во светот
Работниците во Кореја против електричните возила
Се повторува ли историјата кога за време на индустриската револуција работниците ги кршеа машините сметајќи дека тие ќе им ги земат работните места?
Можеби не во такви драстични размери, но Hyundai е во дебел спор со синдикатите во фабриката во Улсан околу производството на електричните возила.
Познати по својата милитантност, корејските синдикати нема така лесно да се откажат од своите барања, заради што почетокот на производството на новиот Ioniq 5 е загрозен.
А на Hyundai според информациите што инцидентно ги има пласирано, му претстои голем пазарен успех со Ioniq 5. За него во Јужна Кореја се собрани 35.000 резервации, а од Европа за една недела пристигнаа дури 236.000 нарачки.