Македонија е чекор поблизу до Европа – после низа години технички и логистички подготовки проработи европскиот 112 телефонски број.
После одлуката на владата од пред некој ден, 112 ќе биде единствен број на повикување во случај на ризици, опасности и други несреќи.
Неговото функционирање е овозможено со организацијата на единствен комуникациско-информативен систем наместо досегашните посебни за секоја итна служба.
Со него се обезбедува континуитет во управувањето со итните повици и унапредување на мерките и активностите за брзо и навремено реагирање.
Повикувањето на овој телефонски број ќе биде овозможено од целата територија на Македонија, без надоместок од сите телефонски мобилни или фиксни оператори.
Сепак засега тоа е во тест-фаза и може да се стори само од градот Скопје, а досегашните броеви 192, 193, 194 и 195 ќе останат во функција уште некое време.