Актуелен Миг
Промотивно запознавање со новиот Ford Focus
Викендов скопјанани уживаа во тест возењата на новиот Ford Focus, настан кој беше дел од промотивната кампања на Ми-Да Гранд Моторс.
Искуството станува уште поизразено кога на заинтересираните возачи им се нуди избирор од три врвни изведби.
На располагање беа ставени три врвни изведби на Focus – елегантно деловниот Titanium Business, спортски моќниот ST-Line и луксузниот Vignale.
Дружбата со новиот компакт на Ford беше организирана пред Сити Мол, а можноста за практично запознавање со новиот Focus ја искористија околу 300 страсни љубители намерници и случајни минувачи, кои љубопитно ги анализираа и тестираа перформансите на новите технологии вградени во новиот Ford Focus.
Најновиот модел од гамата на Ford веќе е достапен во продажниот салон на Ми-Да Гранд Моторс, заедно со сите други модели од овој производител.
„Имаме одличен интерес за новиот Ford Focus и многу сме задоволни од реакциите на посетителите. Тие имаа ексклузивна можност да искусат и да го управуваат новиот модел од нашата гама.
Станува збор за модерно возило со интелигентен дизајн и огромен простор. Во него се вградени многу нови технологии кои го олеснуваат искуството на возачот.
Тест возењата овозможуваат сите да се уверат во перформансите на Focus, кој беше достапен во три нивоа на опрема, Titanium Business, ST-Line и Vignale“, објасни Предраг Николовски, директор на маркетинг во Ми-Да Гранд Моторс.