Актуелен Миг

Промотивни возења со Volvo автомобилите

Објавено на

 

Во оргазницаија на Volvo Cars од 21.05 до 23.05. (вторник, среда, четврток) во Скопје (City Mall) ќе присуствува караванот, Freedom To Move составен од актуелната гама возила на шведскиот производител.

Погледнете го овој автомобилски дрим тим кој Volvo го состави за презентација пред македонската публика:

– V40 D2 Inscription

– XC40 D3 A Momentum

– XC40 T3 Intro

– XC60 D4 A AWD Momentum

– S90 D3 A Business

– S90 D4 A R-Design

– S60 T5 A R-Design

– V60 CC D4 A Momentum

– V60 D3 A Momentum

– XC90 D5 A AWD Inscription

Колкu у да делува импресивно овој список сепак, посетителите пред City Mall ќе имаат можност и од близу да го запознаат и почуствуваат преку тестирање на секој од нив.

Домашниот импортер оваа импресивна манифестација ја организира за првпат во Македонија, а во неа Volvo ќе се претстави со специјално дизајниран Pop Up Showroom – мини салон кој ќе биде поставен на платото пред Skopje City Mall.

Во него ќе биде изложен најпродаваниот модел во моментот: Volvo XC40, a за посетителите и потенцијалните клиенти во текот на сите три дена ќе бидат достапни за тест возење сите модели на Volvo Cars кои се достапни на пазарот и тоа во повеќе изведби.

Посетителите ќе можат да закажат тест-возење и на лице место, но во секој момент можат да закажат и онлајн преку страницата: https://www.volvocars.com/mk/freedom-to-move​ каде можат да се најдат и сите дополнителни информации за Freedom to Move кампањата.

Во оваа прилика, за првпат ќе имате можност да се запознаете со новите модели, Volvo S60 и V60 CC кои ќе бидат во продажба во нашата земја веќе од следната недела.

 

 

 

 

 

Click to comment

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.