Видео

Произведен милионитиот Cayenne [видео]

Објавено на

 

Porsche некогаш беше синоним за спортски автомобили, но повеќе не е така.

Сé започна во 2002 година кога групата VW го претстави своето трио Touareg-Q7-Cayenne, кое неповратно ја измени сликата на европскиот SUV сегмент.

Додека за адутите на Volkswagen и Audi можеше да се каже дека беа очекувани, дури и предолго, појавувањето на теренскиот Porsche беше изненадување.

Дотолку што едни го сметаа за трендовска провокација а други за предавство на сопствените корени, кое лесно може да доведе до промена на генетиката на марката.

И навистина тоа се случи – од проектот развиван под кодната ознака Е1 низ трите сериски генерации досега се продадоа точно еден милион примероци.

Со оглед на цената која стартува од 76.000 евра, јубилеј достоен за длабок наклон.

 

 

 

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.