Во светот
Продажба на нови возила во 2020 – прераспределба на силите
Сé уште е рано за комплетните и официјални бројки, но според информациите добиени од самите производители веќе се знае кој е меѓу првите 10.
Според проценките, по многу нешта лошата 2020-та година, во целиот свет беа пласирани околу 80 милиони возила. Најмногу од Volkswagen групата, која успеа уште еднаш да застане на чело на листата најдобри.
Веднаш до нив е групата Toyota која продаде 8,9 милиони (за 12 отсто помалку), доволни за учество на пазарот од 11,1 отсто .
Со намалување од продажбата за 20,5 отсто, на нешто под 8 милиони и пазарно учество од 9,9 отсто, третото место и припадна на Renault Nissan алијансата, додека зад нив се најдоа Корејците од Hyundai групацијата со 6,5 милиони продажба (која е помала само за 10,4 отсто во однос на 2019) и 8,1 отсто учество.
Следи некогаш неприкосновениот лидер General Motors кој со продадените 6,26 милиони загуби 13,2 отсто од продажбата и освои 7,7 отсто од глобалниот пазар. Останатите можете да ги видите во табелата.
Volkswagen | 11,6% | 9,31 милиони | -14,5% |
Toyota | 11,1% | 8,90 милиони | -12,0% |
Renault-Nissan | 9,9% | 7,95 милиони | -20,5% |
Hyundai | 8,1% | 6,52 милиони | -10,4% |
General Motors | 7,7% | 6,26 милиони | -13,2% |
Honda | 5,6% | 4,50 милиони | -14,1% |
Ford | 5,2% | 4,15 милиони | -18,3% |
Fiat Chrysler | 4,9% | 3,90 милиони | -16,8% |
PSA | 3,6% | 2,91 милиони | -22,0% |
Daimler | 3,2% | 2,55 милиони | -12,2% |