Пандемиската 2020-та заврши со очекувани резултати – продажбата на нови возила во Европа се намали за скоро една четвртина.
Според европската асоцијација на автомобилски производители ACEA лани во 30-те европски земји за колку се собираат податоците изнесуваше 11.961.182 возила.
Опаѓањето е во рамките на очекуваното – 24,3 отсто, при што единствен месец во кој не е забележан минус е септември.
Најлошо помина пазарот во Хрватска кој загуби 42,8 отсто од својот волумен, додека Норвежаните останаа скоро на истите бројки, со намалување од само 0,7 отсто.
Од големите пазари Шпанија и Велика Британија загубија по скоро третина од продажбата, Италија и Франција се соочија со намалување за околу четвртина, а Германија за нешто помалку од една петтина.