Видео
Пристигна првиот електричен Bugatti [видео]
Откако Rimac го презеде прочуениот производител на суперавтомобили, сите се прашуваат кога ќе пристигне и први електричен Bugatti.
И пристигна, ама не е таков каков што се очекуваше бидејќи нема врска со автомобилите, туку само со возачите.
Полниот назив му е GilletteLabs | Bugatti Special Edition Heated Razor и според нивните зборови бричењето го доведува до некоја нова димензија.
Каква е таа ќе дознаат само избрани купувачи кои ќе можат да го платат и кои единствени ќе знаат колку чини, бидејќи тој податок не е објавен.
Ние другите можеме да му се воодушевуваме на изгледот и да претпоставуваме како петте сечила и грејачот кој се активира со притисок на копче ги ја вршат работата.