Видео
Технолошките близнаци на сцена – ова е Toyota GR 86 [видео]
Неколку месеци по Subaru BRZ, и Toyota ја прикажа новата генерација на неговиот близнак, моделот GT 86
После девет години дојде време и GT 86 да доживее нова генерација, на која Toyota согласно својата нова номенклатура за спортските модели и додели ознака GR 86.
Една буква не менува многу, посебно не кога се работи за сериозно доработен модел каков што е Toyota GT 86, или по ново GR 86 кој досега е продаден во повеќе од 200.000 примероци.
Во однос на претходникот доби помодерен изглед, модификувано ослонување со пониско тежиште, значително подобрени возни својства, поквалитетни материјали во внатрешноста, помодерни технологии и најважното, поголем мотор.
Во однос на изгледот се забележуваат нови предни светла, поинакви браници, нова хауба, пошироки крила, интегриран заден спојлер и две издувни цевки.
Внатре пак новата инструмент табла, помодерниот инфо-забавен систем, спортските седишта, кожениот управувач со црвени шевови и спортските педали, а тука се и новите технологии за асистенција на возачот.
Новата Toyota GR 86 ќе започне да се продава наесен, а цената сé уште не е позната.