Во светот
Претставен електричниот Peugeot Partner
Веднаш после своите полубраќа близнаци Berlingo и Combo, и Peugeot Partner доби електричен погон.
Доставниот Partner е трето електрично возило во комерцијалната гама на Peugeot, со што францускиот производител се етаблира како еден од првите кои нудат целокупна палета возила за сечии потреби.
За погон ќе биде задолжен веќе познатиот електромотор на групацијата кој развива максимални 136 KS и 260 Nm, кој на возачот ќе му овозможи користење во три режими на работа – Eco, Normal и Power.
Вградената батерија со капацитет од 50 kWh му овозможува автономија до 275 km со едно полнење, кое на домашна мрежа со полнач од 7,4 kW ќе трае 7,5 часа, а на брз полнач од 100 kW до 80% од капацитетот само триесетина минути.
Сите практични додатоци кои ја зголемуваат функционалноста на возилото и капацитетите се задржани од верзиите со мотори со внатрешно согорување.
Продажбата на електричниот Partner ќе започне во октомври, кога ќе бидат познати и точните цени на сите изведби.