Актуелен Миг
Претставена новата, шеста генерација на Opel Corsa
Малиот бестселер на Opel официјално беше претставен пред гостите и претставниците на медиумите. Новата Opel Corsa ќе биде достапна во продажните салони со цена од 12.920 евра, со 1.2 литарски мотор од 75 КС и со рачен менувач.
„Со нетрпение го чекавме моментот кога новата Corsa ќе пристигне пазарот во нашиот регион и сигурен сум дека ќе бидете воодушевени.
За прв пат во својот мал бестселер, Opel нуди технологии и системи за асистенција што клиентите обично ги знаат само од возилата од повисоката класа.
Главната атракција се матрикс IntelliLux LED® светлата без отсјај, но има и системи за асистенција од врвно ниво, како и одлична поврзаност и забава со новиот опсег на инфозабавни системи.
Оваа година е специјална и за Opel по тоа што воведува и целосно електрична Corsa, но засега нејзините варијанти со бензин и со дизел ќе бидат достапни на регионалниот пазар“, изјави Александар Мешков, кој како претставник на компанијата Opel се обрати пред публиката.
Од механичките новитетите тука е и понудата на осумстепенски автоматски менувач менувачи.
Севкупното спортско чувство е надополнето со дизајнот со полесни материјали и ниска положба за седење на возач.
Покрај тоа, пасивната безбедност е на многу високо ниво, а инженерите на Opel исто така ги преработија шасијата и управувањето. Сите овие придобивки доаѓаат со основната верзија. Подеднакво убедливи се и напредните системи за помош, иновативниот инфозабавен систем и одличниот однос цена-перформанси.
За прв пат во овој сегмент, Corsa исто така нуди осумстепен автоматски менувач. По оваа цена, досега никогаш немало поразвиено технолошки напредна и динамична Opel Corsa.
Да повториме, цената на новата Corsa е поставена под 13 илјади евра, а веќе првите примероци веќе се во рацете на корисниците.