EV

Претрес кај Fiat-Chrysler и Iveco

Објавено на

Во рамки на истрагата за илегални манипулации со издувните гасови од дизел моторите, властите извршија претрес на канцелариите на Fiat-Chrysler и Iveco во Германија, Швајцарија и Италија.

За оваа истрага сé досега малку се знаеше. Според соопштението на европската агенција за правосудство таа е поврзана со сомнежите на германските власти дека се манипулирало со 200.000 возила произведени од овие две компании.

Официјално не се соопштува кои возила се во прашање, но од друга страна се дознава дека полицијата од Франкфурт повикала како сведоци купувачи на разни модели на Fiat, Jeep, Alfa Romeo и Iveco произведени од 2004 до 2019 година со стандардите Еуро 5 и Еуро 6.

Од Fiat-Chrysler и Iveco потврдија дека се извршени претреси во нивните канцеларии и изјавија дека во потполност соработуваат со истражните органи.

 

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.