Актуелен Миг
Предпремиерна презентација на Peugeot 508 во Скопје
Во репрезентативен објект и пред избрана публика денес (26.09.) во Скопје беше претставен целосно новиот Peugeot 508 кој официјално ќе биде достапен при крајот на годината.
Тоа и не би требало да чуди ако се земе предвид фактот што нашиот импортер со продажбата на возилата Peugeot се занимава веќе 28 години при што на домашниот пазар има пласирано близу 20 илјади возила. А тоа е бројка за респект која воедно за останатите импортери претставува недостижна цел.
Кај неупатените, внатрешноста ќе предизвика дилеми дали тоа се работи за сериски автомобил или пак за концептно возило.
Со целосно новите предни и задни светла, ниската каросерија, прецизно исцртани линии, врати без рамки, нови мотори, нов автоматски менувач со 8 степени на пренос, висок квалитет на кожен ентериер, опција за “night vision” и со многуте други дополнителни елементи во опремата, новиот Peugeot 508 ги надмина очекувањата на клиентите.
„Новиот 508, не е наследник на истоимениот модел. Тој е сосема ново возило, олицетворение на една нова визија и влез во целосно нова ера. Ера на технологија, на автономност, на моќ сплотена со елеганција и комфор. Креиран за ваше целосно задоволство“ – изјави Томислав Нафидов, регионален директор на продажба во Еуроимпекс.
Новиот Peugeot 508 на македонскиот пазар сериски ќе биде понуден пред крајот на годината.