Нови времиња, нови обичаи – во холандскиот Ајндховен се појавија пешачки и велосипедски семафори преуредени да може копчето за нивно вклучување да се притиска со лакт.
Причината е јасна – да се спречи контаминација со корона вирусот, бидејќи копчето на овие семафори понекогаш се допира и до илјада пати дневно.
Дело се на дизајнерот Говерт Флинт кој уште кога стана јасно дека вирусот меѓу другото се шири и преку допрените предмети, се посвети на изнаоѓање разни решенија за да се избегне тоа.
Една од неговите практични идеи е токму оваа – семафорот место со притискање на копчето да се активира со наслонување на лактот.
Според него, ова е привремено решение кое може да се инсталира на постоечките семафори, додека во иднина на нив во текот на производството ќе се вградува унапреден систем за вакво вклучување.