Во светот
Прва трка помеѓу болиди без пилоти во Дубаи [video]
Беше најавувана, а сега дојде време за одмерување на болидите управувани од вештачка интелигенција.
Осум Super Formula SF23 болиди направени од Dallara ќе се тркаат меѓусебно без човечки возачи.
Автономната тркачка лига во Абу Даби, позната и како A2RL, ќе го има своето официјално деби во сабота, на 27 април. Историската трка може да ја гледате во живо на официјалните канали на YouTube и Twitch, со почеток во 17 часот (GMT).
Секој автомобил е изграден и програмиран од еден од осумте универзитетски тимови од шест земји: Унгарија, Италија, Германија, Кина, ОАЕ и САД.
Тркањето ќе вклучи тренинг, претквалификации и големо финале со награден фонд од 2,25 милиони долари.
Пред првата трка ќе има пресметка помеѓу човекот и машината, каде што поранешниот F1 пилот, Даниил Квјат во идентичен болид ќе одмери со еден од автономните болиди.