Актуелен Миг

Прва средба со Mercedes-Benz S-Class

Објавено на

 

Во салонот на домашниот увозник своето маркатно присуство го експонира новата генерација на С-класата.

Непосреден контакт со најлуксузниот Mercedes секогаш претставува соочување со највисоката технологија. Но пред да ја согледате неа во моментите на прв контакт веднаш во очи паѓа неверојатната моќна појава со која зрачи S- Class.

Овде мислам на секоја S-Klasse (Sonderklasse), па макар сега се сретнал и со првата од шесте генерациии произведена во 1972 година.

Одговорот на прашањето, што ново Mercedes може да вгради во својот луксузен знаменосец, доаѓа во облик на штотуку претставената, седма генерација.

Како по обичај тој одговор звучи кратко: сé!

Започнувајќи од механичката секција која сега содржи значајна компонента на електрификација, преку потпирањето па се до персонализација на опремата.

За квалитетот на обработка и изборот на материјали се опеани многу оди, но нема да биде на одмет да потсетиме дека S-Class е најлусузната лимузина на Mercedes-Benz, кој пак, е автомобилска дивизија на Daimler AG.

Се рабира, на ова место не би било многу умесно (а и технички e неизводливо) да ги наброиме сите специфики на ново-пристигнатата луксузна лимузина.

Сепак, можеби само податокот за должината од 5.179 mm (5.289 mm за L-изведбата), и дизелските и бензиски шестцилиндерски мотори со силина помеѓу 286 и 435 КС.

Кога тема се лимузините од најлусузен маштаб, малку е непристојно да се говори за цените, но сепак.

Нашиот увозник основната цена ја поставува на 128.990 евра а за најскапата верзија S 500 4M L потребни се 156.600 евра. Надоградбата од овие модели зависи од количината на посебност која ја посакува идниот сопственик.

 

 

 

 

 

 

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.