Актуелен Миг
Практична проверка на новите General Tires пневматици
Со пневматиците на General Tire монтирани на неколку вистински теренци и SUV возила, на мотокрос патеката, Орман поминавме низ нови, возбудливи искуства.
Во светот познат првенствено со понуда на пневматици за теренци и секаков друг вид гуми наменети за возила кои се движат по најтешки терени, производниот програм на брендот е проширен и на патнички како и на лесни комерцијални возила.
Но сепак, понудата која нас во моментот не интересираше и која имавме можност да ја испробаме на тешка мотокрос патека се однесуваше на новите летни пневматици наменети за теренците и 4 x 4 возилата.
За проверка на можностите на пневматиците неколку вистински теренци (Nissan Patrol) но и SUV возила на Dacia (Duster), кој патем кажано е избран и за Автомобил на годината во Македонија за 2018, беа опремени со Grabber A/S 365 пневматици.
Од Nissan Patrol со вклучен редуктор ништо помалку од несопирливост и не се очекува. Но зад петици да го следат две Dacia Duster од кои едната само со преден погон а другата со 4 x 4, тоа е нешто што само може да се посака. Секако, заслугите за успешно совладување на теренските предизвици се должат и на избалансираноста на возилото но дека добар дел од теренските капацитети одат на сметка и на извонредните пневматици, тоа беше и повеќе од очигледно.
Широкиот состав на пневматици за SUV возила вклучува пет основни конфигурации кај кои односот помеѓу теренската и патната употреба може да варира од гума до гума.
Кога говориме за новиот Grabber A/S 365, General Tire ги обединува екстра-робусните перформанси на SUV гумите со целогодишна сигурност. За да се постигне ова, дизајнерите на гуми создале шара со цврсти раменски блокови за висока тракција на влажни и суви површини.
Широките жлебови во шарата и помеѓу блоковите на рамото имаат можност за истиснување на водата од влажни коловози, додека жлебовите во централните блокови на шарите им помагаат на пневматиците да обезбедат одличен контакт на типичните зимски патишта.
Со тоа се постигнува ефективна распределба на работната сила помеѓу различните делови на шарата: надворешните раменици се дизајнирани за потребите за лето, додека централниот дел од гумата е погоден за зима. Grabber A / S 365 ја должи својата висока економичност на многу избалансирана дистрибуција врз газната површина, што придонесува за еднакво абење.
Од друга страна, челичниот појас со висока цврстина ја штити повеќе сезонската гума од оштетување при странични удари. General Tire во својата програма вклучува пет големини за 17-19-инчи тркала, погодни за SUV возила од Европски и Азиски производители. Да, новите производи на Genral Tires може да се најдат екслузивно само во продажната мрежа на Мотоцентар!