Во светот
Пофино од најфиното
Кој е Aston Martin добро знаеме. Кој е Bowmore, пак, знаат сладокусците. Сите останати ќе дознаат сега.
Британците ги здружија силите – Aston Martin и дестилеријата Bowmore заеднички лансираа специјална серија шкотско сингл молт виски со јачина од 49,6 проценти.
За нив се користени оригинални клипови од легендарниот Aston Martin DB5, кој беше избор на Џејмс Бонд во Голдфингер.
Шишињата рачно се обработени од страна на студиото Glasstorm од северот на Шкотска, а за секое шише била потребна една недела да се изработи.
Цената не е позната.