EV

Последната Pagani Huayra ќе се вика “Il Ultimo”

Објавено на

 

Јагодтката доаѓа на врвот!

Хорацио Пагани има посебен однос спрема аргентинските ветрови. Тие му се неисцрпна инспирација при именувањето на неговите егзотични спортисти. Zonda и Huayra се модели кои се и побрзи од ветриштата по кои се наречени.

Zonda која се произведуваше од 1999 па се до лани, го изгради имиџот кој гарантира историска вредност на секој посебно произведен примерок.

Од друга страна, уникатноста на Pagani Huayra е гарантирана со продукција од само 100 примерци. Договорот на Pagani со Mercedes AMG предвидува испорака на вкупно 100 единици од 6.0 литарскиот twin-rutbo, V12.

А од почетокот на производството во 2011 се направени 99 примероци. Јубилејното купе има и свое симболично име, “Il Ultimo”! Фабриката сместена во Модена (!) последната Huayra ќе ја испорача во боите на болидот кој го вози Лиус Хамилтон, актуелниот светскиот шампион во F1.

Pagani Huayra “Il Ultimo” ќе биде испорачан на познат купувач од Флорида по цена од … Ај ве молам, кој прашува за цена на ваков уникатен егземплар?! (Во доверба, преку два милиони долари)

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Click to comment

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.